39-годишен скопјанец нападнал и допирал малолетник во Центар

Скопјанец е приведен откако завчера нападнал и допирал малолетник на подрачјето на Центар, соопшти полицијата.

МВР соопшти дека лицето е приведено.

-На 13.09.2023 во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти од МВР.

 

Претходна вестОхридскиот регион останува на листата на светски наследства на УНЕСКО, препораките чекаат на целосна реализација
Следна вестПожар во ОХИС, гори оџак и дрвна маса