На територијата на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки од кои 11 се за користење на мобилен телефон при возењето, соопшти денеска МВР.
Во извештајот за вчерашните полициски контроли на скопските сообраќајници се наведува дека имало и 41 санкција за возење над дозволената брзина.
-Изречени се и 15 санкции за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, имало и 10 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за некористење сигурносен појас и 40 санкции за непрописно паркирани возила, соопшти полицијата.
Од МВР уверуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат.