Темно Режим Светло Режим

42-годишен Германец најден починат во стан на улица „Јордан Мијалков“

Четириесет и двегодишен Германец вчера е пронајден починат во стан на улица „Јордан Мијалков“ во Скопје.

-На 28.05.2020 во 16.42 часот во СВР Скопје, С.И. пријавила дека во стан на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје го пронашла починат Х.Н.(42) од СР.Германија. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Филипче: Не правевме компромиси со мерките, одговорноста е во нивното непочитување од граѓаните

Следниот Пост

Шилегов и Наумовски во клинч за депонијата кај Ново Село, до кога ќе слушаме препукувања, наместо решенија?