Откако го разрешија муфтиите, Реисот Реџепи се повлече од поглавар на ИВЗ

Неотповиклива оставка на функцијата реси ул улема поднел синоќа Сулејман Реџепи, претседател на Исламската верска заедница. Тој, претходно, беше разрешен од муфтиите кои донеле едногласна одлука за неговото отстранување на функцијата.
Според сознанијата, синоќа во просториите на ИВЗ било извршено и примопредавањето на должноста од Реџепи на в.д. реис Шаќир Фетаху.
Во оставката Сулемјан Реџепи наведува дека е подготвен за секаква одговорност и дека против него била водена „нецивилизирана кампања“.
-Оставката е доказ дека сум подготвен да одговарам за мојата досегашна работа пред Бога и пред законот, напиша тој.
Тој потсети дека цели 40 години бил активен и дел од ИВЗ и дека дал придонес во нејзиниот развој.
-Постоеле можности и да сум направил некоја евентуална грешка и за тоа барам прошка и пред Бога и пред верниците, наведува Реџепи.
Претходна вестСоветот за безбедност ќе заседава за можно продолжување на вонредната состојба
Следна вестШто ќе избереме: почитување на мерките или карантин?