Темен режим Режим на светлина

Променливо облачно со можност за пороен дожд

Дождливо утро, сончеви периоди преку ден Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Утринските облаци со краткотрајно сонце го најавија денот во кој времето ќе биде променливо облачно и нестабилно. Метеоролозите предвидуваат дека на повеќе места ќе има пороен дожд и појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степени.

До средината на наредната седмица ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува постабилно и потопло време.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во Скопје најмногу новозаразени денеска има во Чаир и Бутел

Следна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла со 3 нови џипа кога целата држава е во криза