ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла со 3 нови џипа кога целата држава е во криза

Петре Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла Коста Начевски со три нови џипа, кои се дел од јавната набавка од вкупно 13 милиони денари за набавка на нови возила. Оваго потенцираат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Како што стои во нивното денешно соопштение, раководството на Дрисла не крие дека овие возила ќе се користат од раководната администрација и самиот директор.

-Значи наместо да се набави работна механизација и кипери, тие ќе набавуваат возила за удопства и луксузирање на раководството на ова градско претпријатие. Сето ова аминувано од скандал мајсторот Петре Шилегов кој самиот соопшти дека не работи и не живее од плата.

Додека Шилегов преку Дрисла набавува џипови, Македонија ја доживува најсериозната економска криза, и се повеќе луѓе живеат во сиромаштија.

Ќе потсетиме дека Дрисла се најде во фокусот кога истиот директор Коста Начевски, инаку братучед на сопругата на генералниот секретар на владата Рашковски додели тендер на друг братучед на Рашковски.

Како советничка група во Градот Скопје бараме повлекување на одлуката за набавка на џипови и испитување на финансиското работење на Дрисла и Петре Шилегов, стои во соопштението на опозиционерите.

Претходна вестПроменливо облачно со можност за пороен дожд
Следна вест673 лица не носеле маска, изолираните ги почитувале мерките