42-годишен Германец најден починат во стан на улица „Јордан Мијалков“

Четириесет и двегодишен Германец вчера е пронајден починат во стан на улица „Јордан Мијалков“ во Скопје.

-На 28.05.2020 во 16.42 часот во СВР Скопје, С.И. пријавила дека во стан на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје го пронашла починат Х.Н.(42) од СР.Германија. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестФилипче: Не правевме компромиси со мерките, одговорноста е во нивното непочитување од граѓаните
Следна вестШилегов и Наумовски во клинч за депонијата кај Ново Село, до кога ќе слушаме препукувања, наместо решенија?