42-годишна жена е донесена во велешката болница. Жената била од селото Јаболчиште.
– На 05.07.2023 година, во 16:30 часот, од страна на ЈЗУ Општа Болница – Велес е пријавено дека кај нив е донесено починато лице, Х.Д. (42 години), од село Јаболчиште, Општина Чашка. Истата е донесена на Одделението за неврохирургија. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. Додека не заврши обдукцијата, немаме поконкретни информации за причината на смртта, изјави за Телма, Оливера Трајкова – Портпарол на СВР-Велес