43 години од формирањето на САЕ „Тигар“

Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ денеска одбележува 43 години од формирањето.

На 13 март 2021, покрај 40 годишниот јубилеј од формирањето на единицата, Единица за специјални задачи (ЕСЗ) беше преименувана во Специјална антитерористичка единица (САЕ).

На 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија, Единицата за специјални задачи под името „Тигар“.

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи како на пример диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење.

Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.

Претходна вестПриведен 63-годишен велешанец, во неговиот двор била пронајдена прашкаста материја
Следна вестЦУК: Нема пожари на отворено, 2.018 повици на 112 во последното деноноќие