Приведен 63-годишен велешанец, во неговиот двор била пронајдена прашкаста материја

Полицијата вчера привела шеесет и тригодишен велешанец откако полицијата во неговиот двор пронашла бела прашкаста материја.

-На 12.03.2024 во 03.30 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Ј.К.(63) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, во дворот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја“, информираат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестНачевски и Николов ќе судат на квалификациите за ЛОИ во Париз
Следна вест43 години од формирањето на САЕ „Тигар“