48 годишен мотоциклист загина откако излетал од патот

Уште една кобна несреќа се случи вчера на македонските патишта. 48 – годишен мотоциклист загина на патот Квадарци-Моклиште.

– Вчера во 12.20 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Моклиште, на излез од село Ваташа, кавадаречко, мотоцикл ,,хамачи” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Л.С.(48) село Ваташа, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Кавадарци, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде што подоцна починал. Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во соопштението на полицијата.

Претходна вестЃорческа напредуваше на новата ВТА ранг листа
Следна вестПовторно поскапување: Од полноќ литар дизел ќе чини 80,5 денари за литар