49. издание на МОТ од 15 до 21 ноември во Скопје

МКЦ го најавува 49-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од 15 до 21 ноември, со театарски настани, претстави, работилница кои ќе се реализираат со огромна поддршка на МОТ – овската мрежа која со страст е создавана изминативе децении.

Ова издание на фестивалот се отвора со минатогодишните победници, независната продукција, театарот „Златен Елец“ и претставата „Хинкеман“ по текст на Ернест Толер, во режија Тамара Стојаноска. Иако се осамени како независен театар на репертоарот, сепак, по регионалните награди, тие ја заслужија сцената и завесата на МОТ ќе се крене со нивната нова премиера. Антивоената тема која се провлекува во нивната претстава го најавува и мотивот на годинешниот МОТ.

-Во време кога светот се соочува со две војни, програмата на овој МОТ го изнесува својот активистички став со кој во фокус ги става темите кои го запалија светот, а во нашето општествено политичко секојдневие не добиваат соодветно значење, вели Русе Арсов.

Претставата „Хинкеман“ги истражува бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. Таа ерупција на омразата меѓу луѓето и нациите е препознатлив знак на духот на времето во кое живееме и денес. Па осаменоста на човекот во таков пејзаж е доволно податлив, за со неа да се бави претставата „Без крв“, која е продукција на двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ копродукција на Драмски театар – Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес. Воената тема пластично ќе ја доловат шесте брилијантни актерки од Украина кои ќе ги раскажат своите приказни распнати меѓу војната и нивните секојдневни животи и нивните семејства и за тоа како ова состојба го има променето нивниот однос кон животот во перформансот „Танцот на смртта“на Ле Пре/Дак Театар. Перформансот е создаден кратко по почетокот на руската воена агресија и во моментов овој музичко – театарски проект ужива огромна популарност, а негови членови се дел од музичкото фрик – кабаре „Ќерките на Дак“ (Dakh daughters) од Киев.

Претходна вестСтартува телефонската линија за одвикнување од пушење
Следна вестПреговори за нова бугарска влада: Борисов ги одбра ПП-ДБ, БСП и ИТН за коалициски преговори