497 лица се лекуваат од вирусот на инфективните оддели во Скопје, голем дел се на кислородна поддршка

Утрово до 8 часот имало дваесетина слободни места во скопските ковид-центри, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“, информира денеска Министерството за здравство.

Во соопштението се наведува дека во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 17 приеми, на Инфективната клиника 14, а во ГОБ 12. Уште 43 пациенти се хоспитализирани во изминатите 24 часа во останати ковид-центри во Скопје поради компликации од коронавирусот.

-Вкупно 497 лица, сомнителни и потврдени на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка, се наведува во соопштението.

Вкупно 497 пациенти потврдени или сомнителни на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка, велат од МЗ.

Претходна вестПоради пандемијата скопјани помалку се возат со автобуси, а повеќе со автомобили и велосипеди  
Следна вестЖугиќ: Шилегов и неговите послушници да ја вратат старата цена на градскиот паркинг