Жугиќ: Шилегов и неговите послушници да ја вратат старата цена на градскиот паркинг

Го повикуваме Шилегов и неговите послушници во Советот на Град Скопје да се вразумат и да ја вратат старата цена на градскиот паркинг, изјави на денешната прес конференција Јелена Жугиќ, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Жугиќ потсети дека Шилегов не само што ја зголеми месечната карта во катните гаражи кои се под надлежност на „Градски паркинг“ за 100 проценти, туку ја зголеми и цената за час на зонското паркирање за 5 денари.

– Оваа одлука е апсурдна! Во време кога градскиот превоз се одвива со намален капацитет и кога временските услови не дозволуваат користење на алтернативен превоз, велосипеди и тротинети, во време кога илјадници граѓани живеат во сиромаштија со 120 денари дневно, во време кога десетици илјади скопјани останаа без работа, СДСМ и Петре Шилегов го поскапеа паркирањето дури и до двојно повеќе. Парите во износ од над половина милион евра кои во сред пандемија ги потроши за пластични диносауруси и новогодишни сијалички, сега тој решил да ги наплаќа од граѓаните, нагласи Жугиќ.

Претходна вест497 лица се лекуваат од вирусот на инфективните оддели во Скопје, голем дел се на кислородна поддршка
Следна вестВладата ги прифати новите мерки, угостителските објекти ќе работат до 18 часот