Темен режим Режим на светлина

Владата ги прифати новите мерки, угостителските објекти ќе работат до 18 часот

Владата ги прифати предлозите за нови превентивни мерки што ги даде Комисијата за заразни болести, соопшти премиерот Зоран Заев. Тој рече дека целта е да се спречи ширењето на бројот на заболените од корона вирусот во пресрет на масовната вакцинација која се очекува за следна година.

-Угостителските објекти ќе работат до 18 часот наместо како до сега до 21 часот. Целта ни е празнувањето да не донесе поголем број на заболени. Ситуацијата налага акција и ние како одговорна Влада ги преземаме овие рестриктивни мерки. Апелирам до граѓаните да празнуваат одговорно. Треба да „одбележуваме“, а не да „славиме“ и да не го предизвикаме новиот бран. Мора да избереме меѓу одговорноста и здравјето и задоволството и профитот, рече Заев.

Покрај скратување на работното време на угостителските објекти, со мерките се опфаќа и забрана на прослави на плоштади и во работните организации.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Жугиќ: Шилегов и неговите послушници да ја вратат старата цена на градскиот паркинг

Следна објава

Заев се предомисли, пак не сака да го види Мицкоски на лидерска средба