ВМРО-ДПМНЕ од 17 часот повторно ќе ги блокира Владата и МНР

Нова блокада на објектите на Владата и на Министерството за надворешни работи ќе направи денеска најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Блокирањето на улиците околу овие објекти ќе започне во 17 часот, а ќе трае до 18 часот.

-Го предупредуваме македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара. Да не молчиме. Бараме оставка на Заев, слобода на народот, изјавија од партијата.

Ви денешното партиско соопштение се наведува дека премиерот Зоран Заев и специјален посредник Владо Бучковски носат смрт за државата и нацијата, а Венко Филипче и Стојанче Ангелов смрт за пациентите од корона вирусот.

-Дури премиерот во заминување Зоран Заев и екипата ја убедуваат јавноста дека епидемијата дека е под контрола, починаа 33 лица за само едно деноноќие, а околу 35 отсто од тестираните се заболени. Дури власта убедува дека се е под контрола бројот на заболени достигнува до 64.000 лица, а бројот на починати дојде до 1825 лица. Со оваа бројка Македонија е на врвот земји во светот по смртност на милион жители. Го одбија амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување средства за набавки на амбулантни возила, го одбија амандманот со кој се бараа средства за бесплатни КОВИД текстови за граѓанитеЗа функционерите има бесплатни и експресни тестови, бесплатно лекување, а народот е оставен сам на себе. Затоа народот бара оставка од Заев. Неговата неодговорна власт чини здравје и животи на граѓаните, посочуваат од партијата.

Претходна вестГрадоначалникот на Куманово со порака и објаснување до Бучковски што е велепредавство
Следна вестПриведен крадец кој ограбувал викендички во Гази Баба