6 пациенти починале од вирусот – најмладиот имал 44 години, новозаразени се 190 лица

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19, а шестмина пациенти починале. Ова пред малку го соопшти  Министерството за здравство.

Направени се 1.530 тестирањ, а Новите случаи на ковид-19 се во Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6, Прилеп-12, Гостивар-3, Штип-6, Битола-1, Велес-6, Охрид-5, Струмица-6, Кавадарци-8, Струга-11, Кочани-1, Кичево-8, Гевгелија-4, Неготино-8, Дебар-3, Ресен-7, Делчево-2,  Радовиш-1 и во Пробиштип-2.

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје (60, 74, 44 и 86г), еден од Куманово (72г) и еден пациент од Гостивар (64г), сите во болнички услови.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 2.009 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.938, бројката на оздравени пациенти е 73.601, на починати е 2.702, а бројот на активни случаи изнесува 12.635.

Претходна вест685 пациенти се лекуваат од вирусот во болниците низ Македонија
Следна вестУапсена мајка за запуштање и малтретирање на малолетно девојче