61-годишен кавадарчанец силувал малолетно девојче

Маж од Кавадарци на возраст од 61 година силувал малолетно девојче кое било штитеничка во Мал групен дом за деца од социјален ризик во Кавадарци.

Настанот се случил во неделата, а случајот бил пријавен во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, од страна на вработена во домот.

Од СВР Велес за Фокус го потврдиле случајот, но не откриле дали кавадарчанецот е притворен.

Претходна вестЛевица поведе постапка пред Антикорупциска комисија против Талат Џафери
Следна вестСлепите лица на повторен протест пред Владата: Не се откажуваме од барањата