На скопскиот аеродром денеска пристигна група од 67 бегалци од Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства, информираат од Владата.
Во владиното соопштение се нагласува дека Македонија ќе им обезбеди привремен престој на овие лица до нивното заминување во трета држава.
„Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население, кое е во опасност од талибанските власти“, посочуваат од Владата и додаваат дека цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународни организации.
Во државата во моментот престојуваат 579 авганистански граѓани, на кои институциите им ја даваат потребната поддршка и помош.
Од земјава до сега заминаа 141 лице, на кои траен престој им обезбедија повеќе држави во светот.