Сончево, студено и ветровито

Времето денеска во земјава ќе биде сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. Вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северозападен до северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 9 степени.

Претходна вест67 Авганистанци добија привремен престој во земјата
Следна вестСедница во Собранието за избор на нова Влада