67 Авганистанци добија привремен престој во земјата

На скопскиот аеродром денеска пристигна група од 67 бегалци од Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства, информираат од Владата.

Во владиното соопштение се нагласува дека Македонија ќе им обезбеди привремен престој на овие лица до нивното заминување во трета држава.

„Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население, кое е во опасност од талибанските власти“, посочуваат од Владата и додаваат дека цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународни организации.

Во државата во моментот престојуваат 579 авганистански граѓани, на кои институциите им ја даваат потребната поддршка и помош.

Од земјава до сега заминаа 141 лице, на кои траен престој им обезбедија повеќе држави во светот.

Претходна вестВладата преку ЕСМ ќе управува со БЕГ до крај на грејната сезона
Следна вестСончево, студено и ветровито