Темен режим Режим на светлина

Мигранти од Сирија и Сомалија биле пронајдени во возило на патот Неготино-Велес

Синоќа во 22.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино на регионалниот пат Неготино-Велес, во близина на с.Ногаевци, во патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, пронашле осум лица мигранти, од кои пет од Сирија и три од Сомалија.

Со лицата бил извршен службен разговор, по што биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија.

Се работи на расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Казна за фирма која превезувала патници без лиценца и без дозвола

Следна објава

Втор пораз на македонските ракометари на ЕП