Втор пораз на македонските ракометари на ЕП

Вечерва во 2 коло од Групата А црвено жолтите се поразени од селекцијта на Црна Гора со 28-24.По вториот неуспех во Дебрецин , Македонија ги загуби сите шанси за пласман во втората фаза на ЕВРО 2022.

Избраниците на Кире Лазаров вечерва во Фоникс арената одиграа слаб натпревар и заслужено претрпеа уште еден пораз на шампионатот.

ПОдмладениот тим на Македонија лошо го отввори мечот и им дозволи на Црногорците да стигнат до почетно водство кое нашиот противник знаеше да го сочува до последната секинда од средбата . Само во финишот на првиот дел нашите ракометари беа рамноправен ривал на Црна Гора. Во вторто полувреме избраниците на Лазаров повторно заиграа како на стартот на средбата со многу технички грешки го разбранивме и црногорскиот голман Симиќ по што бевме далеку од посакуваниот позитивен резуат.

Црона Гора на крајот заслужено го доби мечот а најефикасни ракометари во нашиот тим беа Мартин Велковски со 6 и Цветан Кузмановски со 5 голови.

Претходна вестМигранти од Сирија и Сомалија биле пронајдени во возило на патот Неготино-Велес
Следна вестРегистрирани 1.635 новозаразени со Ковид-19, починати 9 лица