Познати можните бараж ривали на македонската ракометна репрезентација

Со завршувањето на претквалификациите минатата недела и денешните последните натпревари од групната фаза на Европското првенство, познати се сите шеснаесет репрезентации кои ќе се борат за место во априслскиот втор бараж за Светското првенство следната година во Полска и Шведска.

Нашата репрезентација ќе биде носител и скоро сигурно фаворит во мартовскиот прв бараж. Швајцарија и Романија се од посилните селекции додека Естонија, Финска и Фарски Острови  селекции со најскромен рејтинг.

Ќе се играат два натпревари на 14 и 20 март, а поуспешниот ќе ја чека следната ждрепка.

Носители во првиот бараж за СП:
Македонија
Австрија
Босна и Хергеговина
Украина
Литванија
Португалија
Словачка
Словенија
Белорусија

Неносители во првиот бараж за СП:
Белгија
Естонија
Фарски Острови
Финска
Израел
Грција
Италија
Романија
Швајцарија

Доколку Македонија ја мине првата пречка од квалификациите, во април ќе добие противник од Европското првенство. Имено, со исклучок на домаќините Полска и Шведска, кои се домаќини како и шампионот Данска противници може да ни бидат сите oстанати репрезентации од Европското првенство кое е во тек. Натпреварите од вториот бараж ќе се играат на 11 и 17 април.

Претходна вест138 сообраќајни прекршоци во Скопје – 21 за брзо возење
Следна вестОдделни апсења на повеќе локации во Скопје за поседување марихуана