Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, се огласи по непријатното и неправедно депортирање од Австралија. Кажа дека нема намера да се вакцинира дури и ако тоа значи дека нема да му биде дозволено да игра на останатите гренд слем турнири.
-Да, тоа е цената која сум подготвен да ја платам, дециден е Ѓоковиќ.
Тој објасни дека никогаш не бил против вакцинирањето, се вакцинирал како дете, но секогаш ја поддржувал слободата на тоа сами да одлучуваме за она што го внесуваме во нашето тело.
-За мене принципите и правото на одлучување за тоа што ќе внесувам во своето тело се многу поважни од било која титула или било што друго што носи резултат. Подготвен сум да се откажам од рекордите по бројот на гренд слем трофеи поради принципот за одлука сам да одлучувам. Се обидувам да бидам споен со своето тело колку што е тоа возможно, изјави најдобриот светски спортист во моментот.
Ѓоковиќ истакна дека го разбира целиот свет и дека сите даваат голем труд со цел да се ослободат од вирусот и се надева дека тоа наскоро и ќе се случи.



