Темен режим Режим на светлина

Казни за 149 возачи во Скопје, 34 за брзо возење

По засилените контроли од страна на МВР, на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 149 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 34 санкции, 12 казни за возење без возачка дозвола, 14 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени биле и седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возач почетник, 31 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски има влада напишана од Заев

Следна објава

Активни над 15 илјади случаи со КОВИД-19, регистрирани 184 реинфекции