Јане Ченто, осуден на 13 годишна затворска казна за упадот во Собранието од 27 април 2017 година поднесе кривична пријава против поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска за попречување на правдата и за злоупотреба на службената положба” и нагласи дека постојат дополнителни докази кои сериозно го доведуваат во прашање начинот на кој се водела истрагата и судскиот процес против осудените за овој случај.
Според Јане Ченто документите укажуваат на комуникација меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци, меѓу брат на функционер и сведок за можни договори со обвинителството, како и за насочување на сведочењето. Сведокот со изјава заверена на нотар изјавува дека неговото претходно сведочење било невистинито и дека му било ветено дека ќе му се помогне во други кривични постапки ако даде таков исказ.
Тој нагласи дека осудените за 27 април 8 години се соочуваат со системска неправда и денешната кривична пријава претставува почеток на процес за утврдување одговорност и расчистување на сите околности поврзани со судскиот процес за 27 април.





