7.600 медицинари кои работат со ковид-пациенти ќе добијат за награда по 30.000 денари

Еднократна награда од 30.000 денари за новогодишните празници ќе добијат 7.600 медицински работници кои што се ангажирани на лекувањето на пациентите заболени од корона вирусот. Ова денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче при престојот во Штип.

– Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со Ковид-19, ќе добијат еднократна награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари, рече Филипче.

Претходна вестСпасовски: Ќе се третира како кривично дело издавањето викендици на групи луѓе
Следна вестУбаво, излегува нова книга, македонски лекар ја открива последната исповед на Тито