Постар кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност, информира полицијата.
– На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Р. (79) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник при извршување на службени дејствија, наведуваат од МВР.
Како што додаваат од полицијата, Б.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.