Одѕивот до 11 часот стаса до 12,78 отсто, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто, соопшти ДИК.

Најголем е одѕивот во Демир Капија, 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769. Над 20 проценти од гласачите излегле и во Пробиштип, Крушево и Градско.

На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3480 избирачки места.

Претходна вест79-годишен кумановец нападнал полицаец
Следна вестМВР: Гласањето тече без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, пронајдена испукана димна бомба, летоци, графити…