79-годишен кумановец нападнал полицаец

Постар кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност, информира полицијата.

– На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Р. (79) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник при извршување на службени дејствија, наведуваат од МВР.

Како што додаваат од полицијата, Б.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Претходна вест„Ако се повредат Ѓоковиќ, Синер, Алкараз тогаш Надал може да го освои Ролан Гарос“
Следна вестОдѕивот до 11 часот стаса до 12,78 отсто, најголем во Демир Капија 23,99 отсто