80 – годишниот Роберт де Ниро позираше со 10-месечната ќерка Гиа

Роберт де Ниро неодамна се отвори за својата 10-месечна ќерка Гиа во интервју за магазинот People.
Познатиот актер не ги криеше солзите кога зборуваше за својата моментална најголема среќа. Секогаш кога има проблеми, вели Де Ниро, тој наоѓа утеха во неа.

-Сè за што опседнам или се грижам едноставно исчезнува кога ќе ја погледнам. Таа е симпатична. Сите деца се воодушевени од неа. Дури и внуците. Таа е нивна тетка и наскоро ќе станат тинејџери, вели де Ниро.

Грижата за потребите на Гиа најмногу ја препушта на сопругата.

Не работам напорна работа. Тука сум, ја поддржувам мојата девојка. Но, таа ја работи работата. А ние имаме помош, што е толку важно, рекол познатиот актер.

Да потсетиме, Де Ниро, покрај ќерката Гиа Вирџинија, ги има и ќерката Дрина (56), синот Рафале (47), близнаците Џулијан и Арон (28), синот Елиот (25) и ќерката Хелен (12).

Покрај децата, актерот има и четири внуци.

Претходна вестЕУ го зголемува притисокот врз Србија со вклучување на Охридскиот договор во преговорите, вели Дачиќ
Следна вестПреку Меџитлија во Грција може да се влезе со автомобил, грчките земјоделци блокираат само камиони