Скопјанка на 65-годишна возраст е повредена во сообраќајна незгода што се случила вчера во населбата Методија Андонов – Ченто.
Како што информираат од МВР, вчера околу 14 часот на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто “ и ул.„Маџари“ во Скопје, „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од осумдесет и едногодишниот М.А. од Скопје, удрило во шеесет и петгодишната М.У. од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.У., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски, наведуваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.