81-годишен возач со „Опел“ повредил 65-годишна скопјанка во Ченто

Скопјанка на 65-годишна возраст е повредена во сообраќајна незгода што се случила вчера во населбата Методија Андонов – Ченто.

Како што информираат од МВР, вчера околу 14 часот на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто “ и ул.„Маџари“ во Скопје, „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од осумдесет  и едногодишниот М.А. од Скопје, удрило во шеесет и петгодишната  М.У. од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.У., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вест100 ученици засадија над 100 чемпреси во парк шумата Гази Баба
Следна вестЖан Пјер Симеон добитник на „Златен венец“, Катрин Пиц на наградата „Мостови на Струга“