860 лица добиле решенија за изолација, 559 не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие, на 860 лица им се издадени решенија за изолација, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација.

Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 559 прекршоци.

Претходна вестУписи за средношколци: Ќе се бара место повеќе во гимназиите или во стручните училишта?
Следна вестПрогласена 8-дневна вонредна состојба во Македонија