865 новозаразени од вирусот, починале 25 пациенти – најмладиот имал 40 години

Во последните 24 часа во Македонија се направени 2.889 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на Kовид-19. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство.

Новозаразените се во: Скопје-330, Куманово-28, Дебар-12, Штип-22, Прилеп-47, Тетово-42, Струга-24, Велес-35, Битола-42, Охрид-36, Кавадарци-38, Гостивар-29, Гевгелија-33, Струмица-25, Крива Паланка-3, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево –2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-15, Кратово-2, Свети Николе-8, Кичево-18, Ресен-7, Неготино-26.

Починати се 25 лица – десет пациенти од Скопје (50, 66, 40, 80, 61, 79, 71, 83, 71 и 73), еден од Куманово (81), двајца од Штип (63 и 51), тројца пациенти од Прилеп (85, 59 и 44), еден од Тетово (73), двајца од Струга (81 и 89), еден од Велес (78), еден од Охрид (83), еден од Кавадарци (69), еден од Гостивар (66), еден од Струмица (70) и еден пациент од Радовиш (68). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 641 оздравен пациент.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 75.597, бројката на оздравени пациенти е 51.493, на починати е 2.194, а бројот на активни случаи изнесува 21.910.

Претходна вестИсторичарот Чепреганов: Се настојува да се воспитуваат деца кои ќе немаат свој корен
Следна вестПриведени две лица кои препродавале 2.000 петарди