Приведени две лица кои препродавале 2.000 петарди

Приведени препродавачи на пиротехника. Имено, вчера околу 16:20 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(45) од Тетово и Џ.М.(46) од с.Челопек, Тетовско, затоа што продавале пиротехнички средства.

Тие биле приведени  и задржани во Полициската станица Тетово и од нив биле одземени над 2.000 парчиња разновидни пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходна вест865 новозаразени од вирусот, починале 25 пациенти – најмладиот имал 40 години
Следна вестПритвор за тројцата фатени со 100 килограми марихуана на автопатот Скопје – Велес