87 новозаразени од вирусот, починале 5 пациенти

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во:
– Скопје 34
– Куманово 13
– Тетово 8
– Струга 1
– Битола 1
– Кавадарци 4
– Гостивар 20
– Струмица 2
– Берово 1
– Кичево 3
Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент.
Досега во земјата се направени вкупно 126284 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12739, бројката на оздравени пациенти е 9174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3021.
Претходна вестЌе ги снема ли старите кујни и фотелји покрај контејнерите?
Следна вестПриказната продолжува: Чаир бара уривач на дивоградбата кај Мавровка…