89-годишник тешко повреден во сообраќајка во Аеродром

Постаро лице вчера е тешко повредно во сообраќајна незгода на подрачјето на скопската општина Аеродром, соопшто полицијата.

МВР информира дека на 04.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје, која води кон паркинг простор на зграда, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(20) од Скопје, удрило во Ц.Н.(89) од с.Блаце, скопско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Н. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во информацијата.

 

Претходна вестВанковска: Нè ограбија, ни ја згазија честа, го продадоа најсветото…, ни треба изборна револуција како прв чекор…
Следна вестОсмани и Таравари заборавија на билбордите да напишат и на македонски јазик?