Ванковска: Нè ограбија, ни ја згазија честа, го продадоа најсветото…, ни треба изборна револуција како прв чекор…

„Левица“ синоќа го одржа првиот предизборен митинг. Од партијата најавија борбата за доброто на Македонија. Митингот беше во Струмица, градот каде како што велат е т.н. ,,бастион на заевизмот“.

-СДС мора да биде поразен и засекогаш заменет како доминантната партија во левиот политички спектар. Оттука ќе одекне повикот на новото време и на враќањето на достоинството на Република Македонија, беше истакнато пред насобраните граѓани.

Се обрати и нивниот претседателски кандидат, професорката Билјана Ванковска:

-Сега страдаме од божемната „наша власт“, која ги згази не само постигањата од минатото туку се однесува како внатрешен окупатор. Ни ја одзеде не само живејачката и волјата за напредување, туку и надежта. Нè ограбија, ни ја згазија честа, го продадоа најсветото, ни ги отселија најдрагите. Подготвени се да го запустат и последното парче плодна почва, воздухот го направија отровен, а последната капка вода сакаат да ја продадат на јабанџии. Сè ни одземаа – освен душата. И неа ли ќе им ја дадеме, порача Ванковска во своето обраќање пред струмичани.

Таа порача „на Македонија и треба изборна револуција што ќе биде само првиот чекор…“

На митингот се обрати и лидерот на Левица, Димитар Апасиев:

-Тачевизмот е највисок стадиум на ЗАЕВИЗМОТ и затоа Левица ја почнува својата кампања од бастионот на заевизмот. Да му брцнеме во очи на оној кој направи штета за две генерации!, посочи тој.

 

Претходна вестЕвидентирале Турци кои воопшто не минале граница кај Блаце: Поведена постапка против двајца полицајци
Следна вест89-годишник тешко повреден во сообраќајка во Аеродром