96 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас, соопшти МВР.

Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестСе појави снимка од грабежот во Црниче, го влечеа сефот и покрај вклучениот аларм
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Следува тужба за клевета, документите на СДС се целосно измислени