Се појави снимка од грабежот во Црниче, го влечеа сефот и покрај вклучениот аларм

Алармот што се вклучил при неодамнешниот грабеж на маркетот во скопската населба Црниче не ги попречил крадците.

Ова се гледа од снимката која се појави на социјалната мрежа “X” (поранешен Твитер) а на која е забележан грабежот во маркетот во Црниче кој се случи ноќта недела на понеделник. На видеото се гледа како тројца разбојници и покрај вклучениот аларм, ладнокрвно го влечат сефот од маркетот и со превртување го носат кон црвено возило.

Претходно, разбојниците со црвен автомобил влетале во влезната врата на маркетот, ја скршиле влезната врата и потоа го нашле и украле сефот.

Грабежот се случил во понедлник наутро околу 3 часот. На постот е наведено дека местото на грабежот е на 200 метри од кругот на МВР.

Претходна вестРакометарките тргнуваат по заверка на пласманот на ЕП
Следна вест96 санкционирани возачи во Скопје