Ракометарките тргнуваат по заверка на пласманот на ЕП

Македонската женска ракометна репрезентација денеска ќе го одиграат претпоследниот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство, кое ќе се одржи во три земји, Унгарија, Австрија и Швајцарија, а за противник ја имаат селекцијата на Азербејџан, меч кој ќе стартува во Баку во 15 часот.

„Црвено-жолтите“ девојки се апсолутни фаворитки на овој дуел и ќе се обидат да го заверат второто место во групата кое води на големиот континентален собир.

Нашата селекција 7 април против Литванија во Скопје ќе го заврши настапот на квалификацискиот циклус, а влезот на овој натпревар кој ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен.

Претходна вестСДСМ: Лажните анкети на МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ
Следна вестСе појави снимка од грабежот во Црниче, го влечеа сефот и покрај вклучениот аларм