Евроамбасадорот: Односот на Русија кон во Украина не се споредува со оној на Софија кон Скопје

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска го отфрли пристапот да се прават споредби на ситуацијата меѓу Русија и Украина, со онаа на Македонија и Бугарија.

На новинарско прашање, дали условите на Владимир Путин кон Украина се слични на оние што Бугарија ги поставува кон Македонија во историскиот контекст на дефинирање на нациите, Гир на заедничката прес-конференција со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер рече дека ЕУ целосно ја отфрлува оваа споредба помеѓу двете ситуации, за кои, како што рече, се две крајно различни ситуации.

– Самите дејствија на Русија се широко осудени во ГС на ОН и тоа се две различни ситуации. Целосно отфрлувам правење паралела меѓу односите на Русија и Украина, со оние меѓу Бугарија и (Северна) Македонија. Во Украина како што веќе кажав, гледаме градови што се бомбардираат од страна на руската армија, имаме напади врз суверена држава чија територија е ставена под прашалник, рече Гир.

Евроамбасадорот истакна дека во билатералните односи меѓу Скопје и Софија има неколку области на спор, но, како што рече, Бугарија беше првата земја која што ја призна независноста на Македонија и продолжи да дава поддршка и на нејзиниот интегритет и суверенитет.

 

Претходна вестПетличковски: Граѓаните со солиден имунитет кон Ковид-19
Следна вестВладејачкото мнозинство го разреши опозиционерот Зендели од Комисијата за избори и именувања