Мајка и ќерка загинаа од струен удар

Мајка и ќерка починаа од струен удар во селото Горно Арнакија. Полициски службеници излегле на местото на настанот и според изјавеното од Н.С.(27) од с.Арнакија, откако околу 14:10 часот ја пронашла нејзината сестра М.С.(24) од истото село во бањаta погодена од струен удар, се упатила по помош, но во меѓувреме нејзината мајка З.С.(57), при обид да ѝ помогне на М.С., била погодена од струен удар.

Од Итна медицинска помош е констатирана смрт кај двете лица. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по насока на Јавен обвинител телата на починатите се предадени на семејството.

Претходна вестИзгоре возило што го користела сопругата на Шилегов, ќе се истражува дали е намерно запалено
Следна вест150 илјади денари помош од Општина Аеродром за украинскиот народ