Вкупно 39 возачи вчера биле казнети во Скопје од страна на полицијата бидејќи возеле во пијана состојба. МВР денеска соопшти дека во текот на вчерашните полициски контроли на територија на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки.
-Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 73 санкции, 39 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, се наведува во информацијата.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас, осум санкции за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупредува МВР.