Денеска од 17.30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје на видеобим во живо ќе се пренесува светскиот онлајн телемаратон за поддршка на Украина под слоганот #Save Ukraine (Спас за Украина).
Настанот е организиран од страна на украинската амбасада и Здружението на Украинци во земјава, „Лесја Украинка“, а на концертот ќе настапат украински и светски музички ѕвезди.
Заинтересираните граѓани ќе може да ги проследат настапите на Џамала, Океан Елзи, Монатик, Руслана, Калуш, ГоА, ДакаБрака, но и на Стинг, Ед Ширан, Брајан Адамс, ЈуТу, Мадона, Имани, Имеџин Дрегонс, Род Стјуард, како и Елтон Џон.
Настанот е посветен на прекинување на руската воена агресија врз Украина, а телемаратонот ќе се емитува низ многу градови низ светот, меѓу кои и Скопје.
-Целиот свет е сведок на бруталната војна која руската федерација ја започна и сè уште ја води во Украина. Веќе еден месец украинскиот народ се бори за својата слобода, независност и суверенитет. Целиот свет не поддржува. Ги покануваме сите кои што не поддржуваат во оваа праведна борба, да дојдат и да ја поддржат Украина со своето присуство“, изјавија од амбасадата и од „Лесја Украинка“.