Македонските фудбалери полетаа за Порто на историски натпревар со Португалија

Македонската фудбалска репрезентација полета за Порто каде во вторник ќе го одигра финалниот натпревар од ждрепката за пласман на Светското првенство во Катар против фаворизираната Португалија.

Денеска претпладне играчите имаа затворен тренинг, за да се направат последните тактички замисли пред спектаклот на стадионот „Драгао“.

Нашите најдобри фудбалери на патувањето беа испратени од премиерот на нашата земја, Димитар Ковачевски кој им посака среќа на избраниците на селекторот Благоја Милевски.

Воедно им вети премија од 500.000 илјади евра доколку триумфираат над Португалија и на тој начин се пласираат на Мундијалот.

„Црвено-жолтите“ на патувањето ги испрати премиерот Димитар Ковачевски и им вети премија од 500 илјади евра за победа над Португалците и пласман на Мундијалот во Катар.

-Шампиони, вие сте за нас секако победници и гордост на сите нас. Веруваме во вас, и затоа сакам да ви посакам успех на натпреварот со Португалија, а ние како Влада најмалку што може да направиме е да издвоиме за вас награда од 500.000 евра ако се пласирате на Светско првенство, изјави Ковачевски.

Претходна вестДенеска нови 188 случаи на Ковид-19, починаа три лица
Следна вестПроменливо облачно време, попладне во југозападните делови локален дожд