Во Македонија живеат 1.836.713 лица, според резултатите од пописот 2021 година, кој беше спроведен од 5 до 30 септември минатата година, објави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.
Бројот на вкупното попишано население е 2.097.319 лица. Во земјава живеат (резидентно население) 1.836.713 лица, а бројката на нерезидентното население изнесува 260.606 лица.
За 132.260 лица податоците се преземени од административни извори.
Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %, 3,98 % Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи.
Од резидентното население, 58,44% се Македонци, а 24,3% се Албанци.
Според бројот на жители најмала е општината Зрновци, а најголема Куманово со 90.104 жители. Просечната возраст на населението е 40,08 години. Забелешани се 207 празни населени места.
Пописот покажа дека во однос на 2002 година вкупното население во државата е намалено за 185 834 лица или за 9,2 отсто, а бројот на домаќинствата е зголемен за 34 336 или за 6,1 отсто.
Зголемен е и бројот на станови за 141 031 или за 20,2 отсто.
Како што соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, презентирајќи ги резултатите, просечно домаќинство брои 3,06 члена.
Бројот на станови изнесува 839.174.
Густината на населеност на еден километар квадратен е 72,2 лица, а просечната возраст на населението е 40,08 години. На 1.000 жени има 984,3 мажи.
По цели две децении од последниот попис во 2002 година, денеска беа презентирани податоците од пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој беше спроведен од 5 до 30 септември 2021 година.
Податоците беа објавени во салата на македонската Филхармонија, пред претставници на државни институции, на Евростат, на дипломатскиот кор, на заводите за статистика од земјите од регионот, Грција, Словенија, Хрватска, Чешка и други.
Пописот беше спроведен од 5 до 30 септември 2021 година и надлежните го оценија као успешен. Минимален број на лица одбиле да се попишат.
Денеска беса објавени и податоци за половата структура на населението, за бројот домаќинства, на станови, а до крајот на годината ќе се објават и другите статистики како образование, верска припадност и друго.