За 20 години Скопје станало побогато за 50.105 станови

Споредено со Пописoт од 2002 година бројот на жителите во Скопје, според минатогодишно пребројување, се зголемил за 19.576 лица, покажуваат споредбените податоци. Според најновите пописни резултати во главниот град во Македонија има 526.502 жители, што споредбено со пописот од 2002 година е за 19.576 лица повеќе, кога во Скопје живееле 506.926 граѓани.

Гледано по етничка припадност, во метрополата сега има 309.107 Македонци (58,71 отсто), Албанци – 120.293 (22,85 отсто), Турци – 8.524 (1,62 процент), Роми – 18.498 (3,51 процент), Срби – 9.478 (1,80 отсто), Бошњаци – 7.365 (1,40 процент). Власи – 2.778 (0,53 отсто), Останати – 6.284 (8,39 проценти). Во вкупната бројка се ставени и 44.175 лица кои што се административно попишани но кои не се прашани за етничката припадност. Тоа значи дека бројките и процентите би доживеале промена доколку имало етничко изјаснување на овие граѓани.

Бројот на станови во Скопје исто така бележи пораст. Според пописот од 2021 година, во Скопје се попишани 213.850 станови, што споредбено со податоците од 2002 година е повеќе за 50.105, кога во главниот град биле попишании 163.745 станови.

Според пописот, во Скопје има 171.171 домаќинства што е за 24 605 домаќинства повеќе спредено со пописот во 2002 година, кога во Скопје биле попишани 146.566 домаќинства.

 

Претходна вестАдминистративно допишани се 132.260 лица, што се тие по националност?
Следна вестИзмамник сакал да наплати еден милион денари од осигурителна компанија за измислена сообраќајка